Гачевски: Подготвени сме за Лигата на Европа, секако сакаме елиминација на Пјуник

Вардар заврши со подготовките во Словенија, па црвено-црната експедицијата денеска се враќа во Скопје.

Вчера „вардарци“ го одиграа последниот натпревар на подготовките во Зрече, ремизирајќи со словенечки Целје. А, капитенската лента која оваа сезона ќе ротира од рака на рака, вчера ја имаше голманот Филип Гачевски кој вели дека тимот е подготвен за настапите во квалификациите за Лигата на Европа.

„Во првиот дел примивме еден гол по едно наше невнимание. Играчот на Целје убаво погоди во голот и тие поведоа во финишот. Штета што водството на Целје дојде само неколку секунди пред крајот на првиот дел. Меѓутоа во вториот дел нападнавме по голот на противникот. Успеавме со еден убав погодок да дојдеме до израмнување. Среќен сум што момците тргнаа дури и по победата, а имавме шанси за такво нешто. Едноставно топката не сакаше да влезе во гол. Во секој случај сметам дека заслуживме да победиме и со триумф да ги завршиме пријателските натпревари во Словенија. Што се однесува до подготовките, сметам дека сме подготвени за двата натпревари во Лигата на Европа. Нормално е да очекуваме да минеме понатаму, но нема никого да потцениме. Едноставно ќе одиме да дадеме максимум и да се пласираме во следната фаза“ – вели Гачевски за официјалната интернет страница на клубот.

За Гачевски вчерашниот меч имаше и посебно значење….

„На тој стадион во Целје го имав моето деби во сениорска конкуренција. Прв пат играв еден натпревар за сениорскиот тим на Мура. Имав тогаш 17 години и имав можност да бранам против Целје. Интересно е тоа што и тогаш натпреварот заврши нерешено 1-1 исто како денеска“ – вели Гачевски.

Се вчитува...