Гачевски потпиша за Енозис

Поранешниот голман на Вардар, Филип Гачевски, се пресели на Кипар и потпиша за Енозис. Тој стави потпис на едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Гачевски денеска треба да се приклучи на тренинзите на Енозис и да се стави на располагање на новиот тим за предизвиците во кипарското првенство. Тој од 2015 година го носеше дресот на Вардар и забележа 117 настапи за „црвено-црните“ носејќи ја и капитенската лента.

Се вчитува...