Гачевски: Се колнам дека не беше гол…, ова е срамно и жално!

Вардар загуби од Шкендија со 0-2 во дербито на 10. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тетовци, ако се погледнат комплетните случувања на теренот, создадоа далеку поголем број шанси за гол од „вардарци“ и сосема заслужено стигнувајќи до триумфот, но за Вардар сепак целокупниот тек на мечот бил одлучен од сомнителниот гол на крајот од првото полувреме.

Чуварот на мрежата на Вардар, Филип Гачевски уверува дека топката не ја минала гол линијата по обидот на Изаир Емини….

„Како прво како спортист сакам да ја честитам победата на Шкендија. Второ сакам да кажам дека првиот гол го реши натпреварот, а тој не беше регуларен. Трето сакам да порачам дека цела јавност и сите од ФФМ треба да превземат нешто, затоа што ова што се случува во Македонија е жално. За голот можам да кажам дека сум 100% сигурен дека топката не ја мина гол линијата, и можам да се заколнам. Мора да се реагира затоа што тој момент го одлучи победникот, а може да влијае и на целото првенство. И после натпреварот видов дека тој судија што ја донесе одлуката, не ни бил таму каде што треба за да види дали топката ја мина гол линијата. Беше сигурен, тврдеше дека е гол. Од каде таа сигурност кога го нема таму каде што треба да биде. Другиот судија, пак, гледа на друга страна. Навистина жално и срамно“ – истакна Гачевски по дербито.

Се вчитува...