Гаџа: Говорот на Чупиќ и на Гојун ќе го паметам цел живот

Анте Гаџа беше херојот на Хрватска на денешниот дуел со Исланд, на кој токму бекот на Вардар го постигна победничкиот гол десетина секунди пред крајот на овој суперинтересен натпревар.

Хрватите беа жестоко критикувани од домашната јавност по поразот од Црна Гора, но со оваа победа „коцкестите“ успеаја да ги израдуваат верните фанови во Будимпешта и во татковината. Гаџа во изјавата по мечот откри дека клучен момент за мотивација бил говорот што најискусните Иван Чупиќ и Анте Гојун го одржале пред почетокот на натпреварот со Исланд.

„Чупиќ и Гојун одржаа говор пред мечот, тоа беа зборови што ќе ги паметам цел живот. На крилата на тој говор стигнавме до победата. Тоа се внатрешни работи и нема да откривам детали, но сите знаеме што значи репрезентацијата, тоа е култ што се создава со години и знаевме дека не смееме да го расипеме впечатокот“, изјави Гаџа.

Се вчитува...