Гаџа: Промашив за победа, а добив награда за најдобар играч на натпреварот

Ракометарите на Вардар со реми против Елверум на гостински терен (27-27) ја стартуваа новата сезона во Лигата на шампионите. Анте Гаџа кој можеше да му донесе победа на Вардар во последниот напад по мечот изјави дека ремито е заслужено, но дека тој не заслужил да ја освои наградата за најдобар ракометар.

„Да бев прогласен за најдобар играч бидејќи на крајот промашив за победа. Сакавме да победиме, мислам дека е фер резултат и Елверум заслужи бод. Сега имаме три домашни мечеви во ЛШ во кои ќе се обидеме да освоиме бодови“, изјави Гаџа.

 

Се вчитува...