Гафури: Хајдук е фаворит, но очекувам жесток натпревар

Ренова утре ќе го пречека хрватскиот Хајдук во квалификацискиот натпревар од второто коло во Лигата на Европа. Капитенот на Ренова Арџент Гафури вели дека Хајдук е фаворит, но тој и соиграчите нема да се предадат и ќе дадат се од себе за поволен резултат.

„Хајдук е фаворит, но ние нема лесно да се предадеме. Очекувам жесток натпревар и се надевам дека можеме да го изненадиме големиот фаворит“, вели Гафури. 

Натпреварот меѓу Ренова и Хајдук ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 15:30 часот.

Се вчитува...