Арѓент Гафури, долгогодишниот член на Ренова, кој цели 13 години, со шест месеци пауза го носеше дресот на „гипсарите“, си заминува од клубот. 33-годишниот Гафури се реши да си отиде од тимот во кој дојде во 2008 година, а во 2018 година од јануари до јуни беше дел од албанскиот тим Фламуртари по што повторно се врати во Ренова и настапуваше до денеска.
Гафури беше поранешен младински репрезентативец на нашата земја, и еден од најдобрите играчи во историјата на клубот. Со „гипсарите“ освои еден трофеј во Купот, а беѓе дел од клубот кога ја освоија единствената шампионска титула во сезоната 2009/10. Во последните неколку сезони беше и капитен на екипата.
Сезонава Гафури главно влегуваше од клупата за резерви, и играше на 13 меча, или вкупно одигра 190 минути во Првата лига.
Вкупно Гафури за Ренова одигра преку 300 натпревари, односно јубилејната 300-ка ја прослави во септември оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА