Гаги Николиќ е најблиску до клупата на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје неодмна остана без прв тренер откако шампионот на Македонија и Александар Петровиќ се договорија за раскин на договорот по серијата на порази во АБА лигата.

Раководството на клубот бираше помеѓу два српски стретези, Нанад Трајковиќ и Драган Николиќ, а и покрај добриот тек на преговорите со тренерот кој има и НБА искуство, аеродромци не успеале да ги договорот деталите па сега водечката позиција ја превзема неговиот помлад колега.

Очекувањата се Николиќ повторно да биде дел од македонската кошарка како во сезоната 2016/17 кога седеше на клупата на Карпош Соколи. Тогаш со скопскиот состав не успеа да ја прекине доминацијата на МЗТ Скопје откако во „мајсторката“ на финалната серија која ќе остане запомнета како една од најдобрите финални серии во поновата историја на македонската кошарка загуби со 86-82.

Се вчитува...