Геј добивал закани поради повредата на Мбапе, се огласи и ѕвездата на ПСЖ

Фудбалерот на ПСЖ Килијан Мбапе го заврши предвреме тренингот поради повреда. Мбапе се повреди откако беше нагазен од својот соиграч Идриса Геј, и не можеше да продолжи. Лекарскиот тим веднаш го испрати на дополнителни лекарски прегледи, а ПСЖ стравува дека е загубен напаѓачот за пресметката со Реал Мадрид во ЛШ. Меѓутоа француските медиуми јавија дека ќе биде подготвен за реваншот со „кралевите“.

Откако ПСЖ објави дека Мбапе е повреден по дуелот со Геј, навивачите на Инстаграм му пишувале разни навреди, а потоа тој забранил коментари на својот профил.

Мбапе веднаш реагираше и застана во одбрана на својот соиграч и порача: „Сите заедно. Секогаш! Ова е Париз“, што беше јасна порака до навивачите да го остават на мир Геј. Освен тој самиот, закани добивала и неговата сопруга.

Се вчитува...