Галатасарај официјално го претстави Рафаел Леао како свое ново големо засилување. Португалскиот репрезентативец пристигнува од Милан и потпиша договор со турскиот шампион до 2030 година.
Леао во Истанбул беше пречекан како голема ѕвезда, а клубот веднаш му приреди свечена промоција пред навивачите. Тој ќе го носи дресот со број 27 и треба да биде едно од главните имиња во амбициозниот тим на Галатасарај.
За трансферот, Галатасарај ќе му плати на Милан 38 милиони евра, а италијанскиот клуб ќе задржи и 20 проценти од идниот трансфер на Португалецот.
Леао ќе има и исклучително висока плата во Истанбул. Според информациите, тој ќе заработува 10 милиони евра нето по сезона, без бонусите.
Во Галатасарај, Леао ќе биде дел од тимот во кој веќе настапуваат големи имиња како Виктор Осимен, Лерој Сане и Илкај Гундоган.
Португалецот во Милан помина седум години, а со „росонерите“ ја освои титулата во Серија А во сезоната 2021/22 и беше прогласен за најдобар играч во италијанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
