Галатасарај и со пораз до Лигата на Европа

Со вечерашните натпревари од групата Д стартуваа возбудувањата од последното шесто коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Порто и Шалке од претходно го имаа визирано пласманот во осминафиналето од ЛШ, а битка се водеше единствено за третата позиција која носи во Лигата на Европа, а која ја освои тимот на Галатасарај. Турскиот првак денеска загуби на домашен терен од Порто со 2-3, но сепак се задржа на третото место благодарение на исходот на вториот натпревар од групата, во кој Шалке славеше со 1-0 над Локомотив со голот на Шопф во 91. минута.

Порто доминираше на теренот во Истанбул, имаше предност од 0-2 и 1-3, но Галата има за што да жали бидејќи при резултат 2-3 Фегули не искористи пенал за израмнување.

Се вчитува...