Галатасарај и официјално почна преговори со Интер за ангажман на фудбалерот од средниот ред, Хакан Чалханоглу. Турчинот е пред заминување од Интер, откако наводно ги молел челниците на италијанскиот клуб да му дозволат трансфер во Истанбул.
Барањето придонесе за конфликт во Интер, особено после елиминацијата од Светското клупско првенство од Флуминензе, кога капитенот Лаутаро го нападна својот соиграч.
Претседателот на клубот, Бепе Марота истакна дека најверојатно Лаутаро му се обратил на Чалханоглу, по што овој се огласи. Тренерот на Интер, Кристијан Киву веднаш одржал состанок за да ги среди работите.
Чалханоглу е дел од Интер од 2021 година. Претходно беше во Милан, во Баер Леверкузен и во Хамбургер. 31-годишниот фудбалер минатата сезона во 47 меча за „нероазурите“ постигна 11 гола и запиша осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА