Галатасарај подготви 25 милиони евра за Костов!?

Галатасарај испрати официјална понуда до Црвена Звезда за еден од најталентираните фудбалери на српскиот клуб, фудбалерот со македонско потекло, Василиј Костов.

Како што ексклузивно објавува турскиот новинар Ферхат Кизилташ, клубот од Истанбул понудил 25 милиони евра, со 15% од следната продажба за 18-годишниот офанзивен играч од средниот ред.

Понудата е веќе испратена до Црвена Звезда, а Галатасарај сега чека одговор од српскиот шампион.

Во претходниот период, Костов привлече големо внимание од европските клубови, а во Црвена Звезда се смета за еден од најголемите таленти што произлегоа од младинската академија на клубот.

Галатасарај очигледно е подготвен да инвестира сериозни пари за да го доведе во Истанбул, додека Ц. Звезда, доколку ја прифати понудата, би можела да го реализира еден од најголемите трансфери во историјата на клубот.

Се вчитува...