Галатасарај со сите сили по Рафаел Леао

Милан го смени тренерот и клучните директори во управата, а на ред во следните денови ќе дојдат и дел од фудбалерите, особено оние најскапите кои одиграа далеку под своите можности оваа натпреварувачка сезона.

Прв на листата е Рафаел Леао, најплатениот фудбалер во овој тим на Милан кој беше големо разочарување сезонава. „Росонерите“ пред две години одбиваа 80 милиони евра за да го продаде одличниот Португалецот, но сега ситуацијата е поинаква, па сумата што италијанскиот тим ќе ја бара ќе изнесува „само“ 40 милиони евра.

Галатасарај е клубот што барем во прв момент важи за фаворит во оваа трка, откако турскиот шампион реши да тргне во нова офанзива по суперѕвезда од Серија А. Понудата од 40 милиони евра за Милан е веќе подготвена, додека на Леао му се нудат 10 милиони евра годишна нето плата, значително повисока сума од она што во моментов го заработува на „Сан Сиро“.

Англиските клубови не се премногу загреани за овој фудбалер, Барса веќе не се ни споменува во трката, па преселба во Турција во моментов делува како најреална опција за некогаш големиот ас на фудбалската игра.

Се вчитува...