Преодниот рок во Турција сè уште не е завршен и тоа сака да го искористи актуелниот шампион Галатасарај дополнително да го засили тимот и тоа со играч на Реал Мадрид.
Управата на Галатасарај со сите сили тргна по потписот со 23-годишниот француски репрезентативец, Едуардо Камавинга.
Иако преговорите на релација Истанбул – Мадрид се започнати уште во јуни, сега се интензивираат и турскиот тим планира да испрати нова понуда, откако првата во висина од 35 милиони евра беше експресно одбиена.
Наводно, Реал Мадрид бара околу 50 милиони евра, но челниците на Галатасарај имаат поинаква идеја – едногодишна позајмица со задолжителен откуп идното лето.
Камавинга во Реал Мадрид пристигна во 2021 година од Рен како еден од најголемите европски таленти, но новиот тренер на Кралевите, Жозе Мурињо, во неколку наврати изјави дека Французинот не е во неговите планови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
