Галевски во „ПРЕСИНГ“: Играч на АЕК молеше да го игра реваншот, Грците не дозволија… (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски.

Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор Иван Галевски се потсети и на минатогодишното финале во ЕХФ Купот со Алкалоид кога беше освоен трофејот против грчки АЕК.

Грците не сакаа да го играат реваншот во Скопје, па Алкалоид заслужено си ја освои титулата. Галевски во „ПРЕСИНГ“ се потсетува дека ракометарите на АЕК сакале да го играат реваншот, еден дури и ги молел до крај, но грчките газди не попуштија…

„На реваншот во Скопје имаше од буквално секој град во Македонија, луѓе што дојдоа да го гледаат тој финален натпревар. Немаше игла каде да се фрли, во „Борис Трајковски“ беше навистина полно. Цела сала во еден глас за Алкалоид и за Македонија. Историски натпревар за нас. Многу ми е криво што не се одигра тој натпревар, затоа што вкусот на победата и титулата ќе беше подруг, бидејќи јас сум сигурен дека ќе го добиеме тој натпревар. Но што е тука е…“ – вели Галевски и дополнува:

„Се сеќавам дека Дејвис, играчот што играше во Пелистер, ја молеше управата на АЕК: „Ве молам, видете колку луѓе дојдоа да не гледаат. Значи ова е уживање за нас. Ве молам да играме…“. Но, на крај сепак се повлекоа. Останавме уште петнаесет до дваесет минути на теренот. Јас искрено мислев дека ќе ни го дадат тогаш трофејот да прославиме. Но,…“.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...