Галијани со нова трансфер „бомба“: Марсело пред потпис со Монца!?

Веќе екс-капитенот на Реал Мадрид и легендарен играч на „кралевите“, Марсело би можел кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А. Бразилецот го напушти Реал со 25 трофеи, како најтрофеен играч во историјата на клубот.

Дефанзивецот сега е во потрага по нов клуб, а италијанските медиуми пренесуваат дека има примамлива понуда од Монца, тим кој откако избори пласман во Серија А има застрашувачки проект, а Галијани го убедува Бразилецот да се пресели во Италија и му нуди договор до 2024 година.

Понудата е финансиски добра, па сега останува уште Галиани да го убеди Марсело дека проектот на Монца е добар за да го прифати.

 

 

Се вчитува...