Галинари се истепа на пријателски меч и ја скрши раката (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар меѓу кошаркарските репрезентации на Италија и на Холандија донесе и несакани сцени. Во еден момент, Данило Галинари, ја презеде правдата во свои раце и почна да ја применува со тупаници. Се нафрли на противничкиот кошаркар, по што беше оправдано исклучен.

Но, дури потоа дојдоа вистинската „казна“. Медицинските прегледи покажаа дека центарот на ЛА клиперс ја повредил шаката и ќе мора да паузира најмалку 40 дена. Тоа значи дека е „аут“ за Евробаскет 2017.

Се вчитува...