„Галските петли“ ја покорија Данска, Франција повторно е олимписки ракометен шампион

Франција се врати на олимпискиот ракометен трон откако во денешното големо финале „галските петли“ ја совладаа Данска со 25-23. Данците како актуелни олимписки прваци ја имаа улогата на фаворити, но француските ракометари одиграа извонреден меч и пред се благодарение на цврстата одбрана стигнаа до златниот медал. Македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов беа задолжени за судењето на ова големо финале и како и на сите претходни средби во Токио, беспрекорно си ја завршија

Пресуден се покажа финишот од првото полувреме, во кој „триколорите“ успеаја да се одлепатт и на одмор да заминат со четири гола предност (14-10). Охрабрени по овој финиш, Французите одлично го стартуваа и вториот дел и набрзина поведоа со 16-10. Данците не се откажаа, па предводени од Хансен се приближија на само еден гол негатива (22-21), резултат при кој Жерар го одбрани ударот на Гидсел. Женти му одбрани седмерец на Хансен во 55. минута при водство на Франција од 23-21, но олимпиские прваци не се откажааа, се приближија на 24-23, имаа и напад за израманување. Сепак, Французите се одбранија, Фабрегас погоди во празната мрежа на спротивната страна за конечни 25-23 и враќање назад на олимпискиот трон.

Ремили со пет гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај Данска најдобар поединец повторно беше Микел Хансен со девет постигнати погодоци.

Се вчитува...