Екипата на ПСЖ следната сезона нема да ја води Криштоф Галтие, објави „Л’Екип“. Челниците на Баерн Минхен наводно не можеле да му го простат на Галтие испаѓањето од Лигата на шампионите од Баерн Минхен.
Француското издание пишува дека раководството веќе бара замена за Галтие, и се подготвува за голема реконструкција на екипата во која веројатно ќе бидат вклучени и Нејмар и Меси кои ќе си заминат од клубот.
Прво име на списокот на желби на челниците на францускиот првак е Жозе Мурињо. Наводно се чека финалето на Лигата на Европа, па Мурињо да пристигне во Париз на потпис на договорот. Меѓутоа доколку во некој случај Португалецот по некоја случајност не седне на клупата, тогаш кандидати се Тиаго Мота од Болоња и Марсело Гаљардо, кој доскоро го водеше тимот на Ривер Плејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА