Галтие пред отказ во ПСЖ

ПСЖ има нова разочарувачка сезона во која „светците“ беа елиминирани од осминафиналето во Лигата на Шампионите, притоа елиминирани и во Купот на Франција, а единствената утеха ќе биде освојувањето на француското првенство каде и покрај големите киксеви тимот од главниот град има предност од шест бодови пред Марсеј и Ленс.

Како главен виновник е назначен тренерот Кристоф Галтие чија иднина на „Паркот на Принцевите“ е неизвесна. Француските медиуми веќе откриваат дека богатото раководство на клубот повеќе нема доверба во 56-годишниот стратег и доколку не добие отказ до крајот на сезоната голема е веројатноста да биде заменет по завршување на истата.

Галтие го превзема мега проектот на стартот на сезоната, но не успеа да ја доведе во ред соблекувалната. Неодамна се пожали и дека недостасува придонесот од останатите играчи покрај ѕвездите Меси и Мбапе што не оди во негов прилог.

Се вчитува...