Галтие: Свиркајте колку сакате, не му значи тоа на Меси

Лео Меси се соочи со ситуација каква што не искусил досега откако навивачите на ПСЖ го исвиркуваа секој негов допир со топката на вчершаниот натпревар против Ажаксио. Недоразбирањата со фановите на парискиот клуб траат веќе некое време и истите со сигурност ќе го соречат да ја продолжи соработката и во сезоната која следи.

За истите сега говореше и тренерот на парискиот тим, Кристоф Галтие кој вели дека Меси професионално го завршил натпревар, а свирежите не му значеле многу.

„Лео остана фокусиран цeл натпревар со желба да го предводи тимот и да создава шанси. Тој е навикнат на такви ситуации во текот на неговата кариера. Не верувам дека му значеше многу“, изјави Галтие.

Се вчитува...