Ганчев за несреќата со жртви во Индонезија: Играв за двата клуба, ова е трагедија!

Поранешниот македонски фудбалер, а сега тренер Горан Ганчев играше во Индонезија, каде што во саботата се случи огромна трагедија. На првенствениот натпревар помеѓу Арема и Персебаја, на кој триумфираа гостите, домашните навивачи незадоволни од резултатот, влетале на теренот, а полицијата употребила солзавци, со што се создаде стампедо.

Најпрво информациите велеа дека се загинати 175 лица, но потоа индонезиските власти соопштија дека загинати се 125 лица, со можност таа бројка да расте со оглед дека се повредени над 300 лица.

Ганчев во својата кариера играше и за двата клуба. Најпрво настапуваше за Пересебаја, а потоа и во Арема.

„Станува збор за најголемото дерби на Индонезија на двата најголеми клубови… Таму луѓето се навистина болни по фудбалот во позитивна смисла. Верувам дека стадионот бил полн. Навистина жалам за оваа трагедија. Три дена веќе следам што се случува. Трагично“, коментира Ганчев.

„Сум играл многу натпревари на тој стадион. Освоив и тутула со Арема. На тој стадион немало вакво нешто. Секогаш имало помали инциденти, пресметки, но вакво нешто… Страшно, катастрофа. Жалам и сочувствувам со семејствата на загинатите. Ги гледав снимките и уште не можам да верувам“, изјави Ганчев.

Македонскиот фудбалер сега работи во стручниот штаб на Пелистер, каде што играше до завршувањето на кариерата. Во 2016 година е избран за најдобар стопер на Арема во последните 20 години во клубот. За Персебаја играше во 2013 година.

Трагедијата во Индонезија силно одекна во фудбалскиот свет, а сите мечеви меѓу кои и оние во големата „петорка“ започнаа со минута молчење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Ganchev (@gorangancev)

Се вчитува...