Гаралда: Само со борбена игра можеме да ја победиме Македонија

Чилеанскиот селектор Матео Гаралда е оптимист дека неговите ракометари ќе успеат да стигнат до победата на денешниот дуел со Македонија.

Оваа јужноамериканска селекција никогаш досега нема триумфирано над Македонија, но кормиларот на Чиле верува дека е дојдено времето за радост.

Можеме да победиме, но мораме да се подготвиме максимално, а потоа и да одиграме најдобро што знаеме. Само со борбена игра можеме да ја победиме Македонија“, порача Гаралда во пресрет на денешниот натпревар.

Ервин Фојхтман, кој е еден од најискусните во чилеанскиот состав, смета дека клучно ќе биде да се направат што помалку технички грешки.

Сакаме да победиме, знаеме дека овој триумф значи и пласман во главната рунда и ќе сториме се за да го оствариме тој успех. Пресудно ќе биде да го намалиме бројот на грешки во однос на претходните две средби“, изјави Фојхтман.

Се вчитува...