Првиот човек на ФИБА, Хорхе Гарбахоса, во опширно интервју за шпанскиот весниик „Ас“ говореше на различни теми, но значаен акцент беше ставен на реализацијата на идејата за влез на НБА на европското кошаркарско тло.
Добро познато е дека ФИБА со години не може да се договори со Евролигата околу усогласувањето на термините, ситуацијата со НБА е сосемма поинаква бидејќи од самиот почеток раководството на европската куќа на кошаркарта е дел од конкретните разговори за ово проект.
„Веќе нема дилеми, НБА Европа како проект ќе почне од октомвври 2027 година. Знаете дека сакаме да се договориме со Евролигата, но овој проект ќе почне со клубови од оваа лига, или без нив. Станува збор за нов концепт што е апсолутно исправен и правилн поставен, од самиот почеток се договоривме дека заеднички ќе бидат утврдувани термините за репрезентациите да можат да сметаат на најдобрите кошаркари, што не е случај во моментов“, истакна Гарбахоса.
Тој ги потврди и претходните информации околу изгледот на НБА Европа во првата сезона на „Стариот континент“.
„Велат дека НБА Европа ќе била затворена лига, но тоа е лага. Затворена лига е Евролигата, тоа е дефиниција за затвореност. Форматот на НБА Европа е веќе познат, 16 клубови од кои 12 ќе бидат со загарантиран статус и потпишан договор. Едно место ќе биде резервирано за победникот на ЛШ на ФИБА, а преостанатите три билети ќе се поделат по одигрување на турнир во кој ќе учествуваат најдобрите тимови од лигите во домашните првенства. Мора да постои чувство за резултатско мерило и ние го почитуваме тоа, што не е случај со Евролигата“, порачува Хорхе Гарбахоса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
