Гарначо нема намера да оди во Германија, сака да остане во Премиерлигата

Крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо би можел летово да го напушти „Олд Трафорд“. Прв интерес за него пројави Баер Леверкузен, каде е тренер некогашниот негов менаџер, Ерик тен Хаг.

Сепак, Аргентинецот ја одбил можноста да замине во Германија, со желба да остане во Англија и во Премиерлигата.

Засега нема екипа која пројавува интерес за одличниот фудбалер, кој минатта сезона одигра 36 натпревари и запиша шест гола и две асистенции. Сепак, на крајот на сезоната тој изрази желба за заминување, а сега е јасно дека негов приоритет е некој од англиските клубови.

Се вчитува...