Поранешниот НБА кошаркар, Кевин Гарнет планира нуди само 200 милиони долари за купување на Минесота Тимбервулвс. Тимот е на продажба, а Гарнет неодамна објави дека сака да го купи клубот во кој ги имаше најдобрите сезони во кариерата. Гарнет не е единствениот кој е заинтересиран за купување на клубот чија цена се проценува на 1,37 милијарди долари.
„Групата со која Кевин Гарнет сака да ја купи Минесота од Глен Тејлор вклучува и двајца милијардери од Калифорнија и еден од Флорида. Инвестицијата на Гарнет ќе биде околу 200 милиони долари, а тој би требал да ги предводи кошаркарските операции и ќе биде именуван за генерален менаџер“, изјави американскиот новинар Чарли Волтерс.
Гарнет со Бостон Селтикс во 2008 година стигна до титулата во НБА, но сепак во Минесота ги имаше најдобрите партии во кариерата кога беше и избран за МВП на регуларниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА