Гарсија за ситуацијата со Осимен: Никој никого не сакаше да навреди, Виктор го сака овој клуб

По „киксот“ во Болоња и натпревар без голови, вчера Наполи одговори со победа на свој терен против Удинезе. „Наполитанците“ со убедливи 4-1 го совладаа својот противник, а еден од стрелците беше Виктор Осимен.

Тој е во центарот на вниманието во Наполи, откако клубот објави видео со кое го исмејуваше напаѓачот, а тој вчера одбиваше да се поздрави со своите соиграчи, а исто така не го славеше постигнатиот гол.

Тренерот Руди Гарсија објасни дека се е во ред со Осимен, и дека сето тоа е инстиктивна реакција, и сигурен е дека работите ќе дојдат на свое место.

„Имам одличен однос со Осимен откако дојдов. Драго ми е што постигна гол, откако во последните неколку кола немаше среќа со давањето на голови. Го замолив само да се фокусира на играта. Зелински го шутираше пеналот, затоа што Виктор му дозволи. Никогаш не би сменил изведувач на пенали дури и ако погреши, но Виктор одлучи да шутира друг играч. Во Болоња бевме разочарани сите, а Осимен беше уште повеќе разочаран. Во последните два дена имаше проблеми поради невнимание. Никој никого не сакаше да навреди, ниту клубот со видеото ниту самиот играч кој ги избриша сите фотографии. Тоа се инстиктивни реакции. Се што можам да кажам е дека Виктор го сака овој дрес и ќе даде се за Наполи сезонава“, рече Осимен.

Се вчитува...