Гасол една година во Барса пред да каже збогум на кошарката

Пау Гасол е повеќе од една година без одигран натпревар, се најавуваше дека сезонава ќе биде последна во неговата фантастична кариера, но шпанскиот ветеран сега има поинакви планови. Причина – одлагањето на Олимписките Игри за една година, со што Гасол би добил шанса токму на најголемото спортско натпреварување да се збогува од спортот во кој доминираше повеќе од дваесет години.

Тој е без клуб во НБА откако му беше раскинат договорот со Портланд, но икусниот центар не ни планира да остане во САД, негова желба е да се врати во татковината. Поточно, да потпише договор со Барселона и кариерата да ја заврши токму во клубот од каде во 2001 година замина во НБА-лигата.

„Отсекогаш сум велел дека сонувам да играм што подолго во НБА, но и еден ден да се вратам во Барселона. Желбата останува, не знам дали ќе ми се исполни, но тоа дефинитивно е интересна опција во моментов. Сакам да играм во елитно натпреврување со елитни соиграчи, Барса може да ми го овозможи ова“, изјави Гасол.

Се вчитува...