Гасол ја крсти новородената ќерка во чест на Коби Брајант

Пау Гасол синоќа го прослави раѓањето на своето прво дете, девојче што шпанскиот ас го крсти Елизабет Џана Гасол. Средното име Џана е дадено во чест на ќерката на Коби Брајант, која загина заедно со својот татко во хеликоптерска несреќа на почетокот од годинава.

„Елизабет Џана Гасол. Име со посебно значење за нашата прекрасна ќерка“, објави Гасол на својот профил на социјалните мрежи.

Шпанскиот центар беше еден од најблиските пријатели на Коби Брајант, а ова дефинитивно е убав гест во чест на починатата суперѕвезда и неговата ќерка.

Се вчитува...