Гасол одбра тим кој ќе ги „реши“ Американците – истиот не може да постои без Балканци

Хипотетичкото сценарио на дуел помеѓу најдобрите Американци и најдобрите Европејци секогаш носи интересна тема на разговор. Овој пат на истата говореше легендарниот Пау Гасол, Шпанецот со огромно НБА искуство кој притоа ја одбра идеалната петорка која би ги поразила фаворизираните НБА играчи.

Истата не може да помине без Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, а притоа Гасол имаше и интересен избор за неговиот сонардоник Руди Фернандез.

„Мора да ги има тројцата најдобри интернационалци, а тоа се Лука Дончиќ, Јанис Адетокумпо и Никола Јокиќ. Другите двајца мораат да ги дополнат овие одлични кошаркари. Мора да додадам еден Шпанец во миксот. Тоа мора да биде еден одличен дефанзивец, некој кој нема да треба да игра со топката толку многу. За мене тоа е Руди Фернандез“ – вели Гасол, притоа дополнувајќи:

„Докажа дека е клучен фактор за тим и репрезентација. Погодува во прав момент, краде топки, се натпреварува и прави многу да им биде тешко на противниците. Тој е еден од тие играчи кои не се плашат од големите моменти. За петтиот играч мора да бирам помеѓу двајца. Бојан Богдановиќ кој е неверојатен шутер или Лаури Марканен. Тешко е да одбере помеѓу овие двајца, но јас би рекол Марканен. Тој е млад, а сигурно ќе биде голема ѕвезда“.

Се вчитува...