Гасол се сели во тим со кој ќе ја напаѓа титулата

Пау Гасол е подготвен за напад на уште еден шампионски прстен во НБА-лигата, откако шпанскиот ветеран го раскина договорот со Сан Антонио спарс, за својата кариера да ја продолжи во дресот на Милвоки бакс. Искусниот центар уште пред неколку месеци изрази желба да си замине од Сан Антонио, од тој момент тој редовно беше закован за клупата од страна на тренерот Попович, но „мамузите“ на крајот постигнаа договор за прекин на соработката со ветеранот.

Рокот за размени е минат, но Гасол како слободен играч ќе може да потпише за нов клуб – а тоа ќе биде Милвоки бакс. Овој тим моментно има најдобар скор во целата лига (47-14) и важи за апсолутен фаворит за првак во Источната конференција. Сепак, во битката за титулата им недостига искуство, што би го добиле со ангажманот на шпанскиот ас, кој веќе има два шампионски прстени, од 2009 и 2010 година.

Гасол во Минесота за соиграч ќе го има репрезентативниот колега Никола Миротиќ, како и грчкиот ас Јанис Адетокумбо, кој е главен фаворит за МВП-наградата за регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...