Гасперини ја одведе Аталанта во ЛШ и веднаш добива нов договор

Стратегот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, оствари историски резултат со тимот кој за првпат обезбеди учество во Лигата на шампионите. „Бергамаските“ во 111-годишната историја за првпат ќе играат во елитното европско клупско натпреварување, а тренерот Гасперини веднаш е награден со нов договор.

Раководството на клубот од Бергамо веднаш по освојувањето на третото место на табелата во Серија А објави дека Џанпјеро Гасперини и следната сезона ќе ја предводи Аталанта.

„Треба да ни се поклопат идеите за иднината, а верувам дека тоа нема да биде многу тешко. Ќе празнуваме малку, а потоа ќе се фатиме за работа. Ќе одиме на многу убави стадиони следната сезона“, изјави Гасперини.

Тој дојде во 2016 година и го спаси клубот од испаѓање, а во претходните две сезони постепено го надградуваше тимот подготвувајќи го за најголемиот клупски успех. Аталанта ќе дебитира во Лигата на шампионите, а досега во историјата учествувала само во Купот на УЕФА и во веќе непостоечкиот Куп на победниците на куповите.

 

Се вчитува...