Џан Пјеро Гасперини би можел да го продолжи договорот со Аталанта , објавува италијански „Скај“. Клубот од Бергамо му понуди на главниот тренер нов договор, кој ќе важи до крајот на сезоната 2026/27.
67-годишниот тренер веќе навести дека има опција да не го обнови тековниот договор, кој истекува следното лето. Искусниот стручњак коментираше дека е можно тој да не остане во Аталанта по претстојната кампања, но сега веројатно ја промени својата конечна одлука.
Беше поврзуван со неколку позиции, меѓу кои во Јувентус, Рома и Милан, но голема е веројатноста да остане и натаму на клупата на тимот од Бергамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА