Гасперини: Судиите го уништуваат фудбалот…, не може да судат луѓе што никогаш не играле фудбал

Стратегот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини искажа отворен револт кон судиите по синоќешниот пораз од 0-1 од Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

„Кралевите“ до триумфот дојдоа со гол во последните минути откако претходно главниот судија од Германија, Тобиас Стиелер, му го покажа црвен картон на домашниот играч  Рем Фреулер, па Аталанта еден час играше со играч помалку.

„Загубивме откако еден час игравме со играч помалку. Ќе беше поинаку ако не беше тоа исклучување кое го упропасти мечот. Судиите во голема мера ги одлучуваат натпреварите. Мене ме суспендираа во Серија А затоа што многу зборувам. Но, и сега нема да молчам и ќе кажам дека судиите го уништуваат фудбалот. Сега веројатно и УЕФА ќе ме суспендира, но не можам да премолчам. Едноставно не може да имаме судии кои никогаш не играле фудбал, и не знаат што е разликата меѓу контакт и прекршок. Ако не ја знаеш разликата, најди некоја друга работа, работи нешто друго. Се трудиш толку многу и потоа некој ќе ти го упропасти сиот труд. Можеби секако ќе загубевме, не се жалам на резултатот, но мислам дека требаше да ни дозволат да играме“ – истакна Гасперини по синоќешниот пораз од Реал Мадрид.

Се вчитува...