Гасперини: Треба да бидеме горди

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини после дуелот со Манчестер Јунајтед кој заврши 2:2, рече дека е горд на својот тим.

„Се чувствувам одлично, тоа беше фантастична вечер. Без тој магичен момент на Роналдо, ќе успеевме да славиме пред нашите навивачи со еден од најдобрите европски клубови. Победата беше блиску. Се чувствуваме горди. 80% сме среќни, и 20% жалиме. Како реагираме во прекините е разочарувачко. И натаму имаме шанси за да одиме понатаму. Се чувствуваме горди што одигравме вака со Манчестер Јунајтед. Ќе биде тешко до крајот на групата, но зависиме само од нас. Јасно беше дека на ваков натпревар треба да се игра до крај, до 95. минута. Правиме премногу такви грешки како првиот гол во последно време, но има простор за напредок“, рече Гасперини.

Се вчитува...