Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо кој вчера беше назначен за нов тренер на екипата на Олимпик Марсеј, кажа дека крајната цел е пласман на тимот во Лигата на шампионите.
Италијанецот кажа дека ако тоа не успее, тогаш ќе си замине од клупата на францускиот прволигаш.
„Крајната цел е Европа. Во мојот договор стои клаузула која е врзана за квалификациите за Лигата на шампионите, така што тоа е мотив да бидеме меѓу првите четири на табелата, во спротивно се пакувам и си заминувам дома. Мораме да се концентрираме натпревар по натпревар, за навивачите да бидат задоволни како играме“, рече Гатузо.
Тој додаде дека играчите мора добро да ги испотат дресовите на секој натпревар.
„Се е просто. Марсеј е единствен клуб од Франција со пехар во Лигата на шампионите. Знам дека постојат високи вредности. Сакам тим каде што играчите ќе ги испотат своите дресови. Мораме да имаме желба веднаш да ја земеме топката, но сега е важно да се врати ентузијазмот. Мечевите се добиваат со 100% тренирање во текот на седмицата“, изјави Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА