Гатузо чека отказ за Анчелоти или за Монтела

Наполи и Фиорентина доживеаја непријатни порази на домашен терен во последното коло од Серија А, а тоа на Апенините секогаш предизвикува негативни коментари и најави за тренерски смени. На удар се Карло Анчелоти и Винченцо Монтела, а промените од позадина ги чека Џенаро Гатузо.

Популарниот „Рино“ е прв пик и на двата клуба кои планираат токму Гатузо да седне на клупата. Според „Калчомеркато“, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, нема веќе трпение со Карло Анчелоти, посебно по вчерашниот изненадувачки пораз од Болоња (1-2 ) во Неапол. Може лесно да се случи Гатузо во наредните денови да биде именуван за нов тренер на македонскиот интернационалец Елиф Елмас.

Фиорентина исто така размислува за смена на Монтела. Три порази во низа го „тресат“ столчето на шефот на стручниот штаб, а и таму како сериозен кандидат за негов наследник се споменува Џенаро Гатузо.

Се вчитува...