Гатузо е нов кандидат за наследник на Пирло

Актуелната сезона на Јувентус треба да се заборави, освен што не ја освои титулата во националниот шампионат, Порто го елиминираше од осминафиналето во Лигата на шампионите, па сега се очекува да се направат големи промени за следната сезона.

Ако им се верува на италијанските медиуми, првата промена ќе се случи на тренерската клупа. Имено, раководството на „Старата дама“ веќе бара нов тренер и чудо би го задржало Андреа Пирло на позицијата тренер за следната сезона.

Ањели би сакал да го донесе Зинедин Зидан, чие заминување од Реал Мадрид е најавено на крајот на сезоната, но францускиот стручњак сака да паузира со цел да си посвети барем неколку месеци на себе и да се одмори од фудбалот, па тоа не е реална опција.

Од друга страна, според последните информации, се вели дека добриот пријател на Ањели, Џенаро Гатузо влегува во тесна трка за можен наследник на Пирло. Популарниот Џенаро го напушта Наполи на крајот на сезоната, тој се споменува како кандидат за тренер на Фиорентина, но во случај на официјална покана од Јувентус, се проценува дека тој нема да има дилема да застане на чело на тимот од Торино. Покрај него во игра е и Масимо Алегри. Раководството на клубот ќе треба да донесе конечна одлука во наредниот месец.

Се вчитува...