Гатузо го напушти Милан: „Ова не беше лесна одлука за мене“

Милан не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона, па првата реакција од редовите на „росонерите“ е заминувањето на тренерот Џенаро Гатузо.

Гатузо оваа сезона беше под неверојатен притисок кој очигледно не можеше повеќе да го издржи. Италијанскиот стратег утрово информираше дека го напушта Милан верувајќи дека оваа одлука едноставно морал да ја донесе.

„Одлуката да го напуштам Милан воопшто не е лесна, но тоа е одлука која едноставно мора да се донесе. Нема посебна причина и момент поради кои одлучив на овој овој начин, но кога ќе ги сумирам изминатите 18 месеци тогаш заклучокот е дека е време нешто да се менува“ – изјави Гатузо.

Се вчитува...