Италијанскиот калчолигаш Милан загуби на гостувањето во Торино и си ја влоши ситуацијата за пласман во Лигата на шампионите. На четири кола до крајот на Серија А, „росонерите“ имаат два бода заостанување зад четвртопласираната Рома, а би можела да ги пресекокне и Аталанта. Ова дефинитивно не е резултатот кој се бара од тренерот Џенаро Гатузо.
Италијанските медиуми ја најавија можноста Федерико Џунти, тренерот на младинскиот Примавера тим да го преземе кормилото, но тоа нема да се случи. Сепак, нема да има итна разделба меѓу Милан и Гатузо. Раководството одлучи тој да остане и да ја одработи сезоната, а потоа најверојатно ќе следи и очекуваната и долго најавувана разделба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА