Гатузо ќе потпише нов договор со Милан

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, следната недела ќе стави потпис на нов договор со „росонерите“. Италијанските медиуми тврдат дека раководството на италијанскиот гигант одлучи да го задржи Гатузо на чело на стручниот штаб и при тоа да му ја зголеми платата, откако клупската легенда значително ја поправи играта на тимот во изминатиов период.

Според информациите на „Газета дело спорт“, Гатузо ќе потпише до 2020 година со годишна заработка од 1.2 милиони евра, а обновата на договор најверојатно ќе се случи пред дербито против Јувентус.

Ангажманот на Гатузо требаше да трае до крајот на сезоната, но челниците на клубот се задоволни од неговата работа, и пред се начинот на кој спроведе ред и дисциплина меѓу играчите, па затоа одлучија овој проект да го продолжат со него. „Рино“ од клупата на младинците се премести во првиот тим, и така стана најслабо платениот тренер во Серија А со годишна плата од 120.000 евра, но сега тоа ќе се смени.

Се вчитува...