Гатузо лут на играчите: Ќе ми пукнат крвни садови од нервоза, ќе го загубам здравјето

И покрај победата на Наполи на гостувањето против Ријека во 3. коло од Лигата на Европа, тренерот на „наполитанците“ апсолутно незадоволен од изданието на неговите избраници.

По мечот во Ријека, Гатузо повеќе од нервозно реагираше на прес-конференцијата истакнувајќи дека ќе го загуби здравјето поради односот на фудбалерите на терен.

„Беше многу нервозно на полувремето во соблекувалната. Мораше да има еден вид ‘шлаканица’ за малку да се освестиме. Ќе ми пукне некој крвен сад од нервоза некој ден, ќе го загубам здравјето. Ова што го игравме е ништо, многу многу подобро на натпреварите. Ова не личи на тим како Наполи“ – истакна Гатузо.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде од првата минута на теренот одигрувајќи еден час на гостувањето против хрватскиот тим.

Се вчитува...