Гатузо: Милан беа група неранимајковци, а сега сме тим!

Милан е препороден, ниже победи во Серија А, па дури размислува и за пласман во Лигата на шампионите. Големиот борец Џенаро Гатузо, кој ја презеде палката од Винченцо Монтела, успеа да го прилагоди тимот според своите желби и размислувања за фудбалската игра.

„Сакате да ви кажам што е променето? Играчите се исти, тие и претходно знаеја да играат фудбал. Но, не беа тим. Тие беа само група неранимајковци кои мислеа само на себе и сопствената игра. Откако дојдов јас, им кажав дека така нема да може веќе. Сега сме тим, сите заедно патиме на теренот, и потоа сите заедно се радуваме на победите“, објасни тренерот на „росонерите“ по неделниот триумф над Рома на „Олимпико“.

Се вчитува...