Гатузо: На Милан му треба само повеќе отров, храброст и агресија!

Џенаро Гатузо е одлучен во немарата да го ревитализира италијанскиот и европскиот „тешкаш“ со кои во играчката кариера имаше ѕвездени мигови. Но, Милан последниве години активно стагнира. И актуелнава сезона лесно би можела да биде архивирана како потфрлување.

„Изминативе недели навистина во неколку наврати бевме посрамотени. Фудбалерите на тренинзите пружаа максимум, но на натпреварите не правеа ништо вредно за спомнување. Последниве денови трениравме под полна пареа. Наш проблем, всушност, и не е работната навика туку ни треба малку повеќе отров и храброст, и лутина во игра, и агресија секако“ – во свои воинствен дух вели Гатузо во пресрет на мечот со Аталанта, притоа осврнувајќи се и на пишувањата за својата оставка.

„Никогаш не сум помислил за заминување. И кога се согласив на доаѓање, знаев дека ќе има многу потешкотии. Исто така бев свесен дека многу тешка задача е пред мене да се усреќат сите навивачи на Милан и негови симпатизери по целиот свет. И нема да се откажам така лесно од таа задача“ – вели Гатузо.

Се вчитува...