Гатузо: Не сме убави како Бред Пит, се уште паметам што зборуваа за нас пред еден месец

Милан по серијата слаби игри конечно се разбуди, па во последните триесетина дена заигра на високо ниво. „Росонерите“ се во серија од четири меча без пораз (три победи и едно реми), стигнаа и до полуфиналето од Купот на Италија, но тренерот Џенаро Гатузо не дозволува во неговиот тим да завладее еуфорија.

„Точно е, победивме на неколку натпревари и сега сите почнуваат да зборуваат убави работи за нас. Сепак, проблемот е што јас се уште паметам што се зборуваше за мене и за Милан пред еден месец, кога летаа критики од сите страни. Токму затоа не смееме да се опуштиме, не сме убави како Бред Пит за секогаш да добиваме комплименти, грди сме со брада како мојата и мораме да играме на врвно ниво на секој меч за луѓето да кажуваат убави работи за нас“ – во свој стил коментира Џенаро Гатузо.

Се вчитува...