Експресно му стана јасно на Џенаро Гатузо колку ќе биде тешко да се најде излез од кризата на „наполитанците“ откако овој стратег дебитираше со пораз на клупата на Наполи, и тоа на домашен терен од Парма. Неговиот тим прими гол во судиското продолжение, но Гатузо одби причината за неуспехот да ја побара во „немањето среќа“, како проблем посочувајќи една многу важна работа.
„Не верувам во малери, несреќни ситуации, мој став е дека мора да се игра на највисоко ниво од почеток до крај. Очигледно е дека проблемот е во главата на фудбалерите, кои мораат да веруваат во себе. Ова е ти создаден да се бори за трофеи и мора да се однесува така и на теренот. Очигледно е дека постои психолошки проблем, но заедно сме само два дена, ќе продолжиме напорно да работиме за да најдеме излез од оваа ситуација“ – изјави Гатузо по премиерниот пораз.
Наполи во следното коло на 22 декември го очекува гостување против екипата на Сасуоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА