Гатузо: Никој во Милан не ми рекол дека мора да обезбедиме настап во Лигата на шампиони

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо пред повеќе од значајниот натпревар со СПАЛ на гостински терен вели дека раководството на клубот никогаш не му кажало дека мора да осигура настап во Лигата на шампионите за да остане на клупата на клубот.

Гатузо потенцира дека тоа е негов личен императив, а не на клубот. Милан мора да ги осигура трите бода, и да чека кикс на Интер или Аталанта.

„Ние мора да си ја исполниме нашата должност и да се бориме за победа, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Да се биде тренер на Милан е остварување на сонот, и се надевам дека ќе продолжам да го сонувам тој сон. Реков дека петтото место нема да биде неуспех ако ја погледнеме статистиката. Освоивме повеќе бодови од последните неколку години. Имавме многу проблеми, но секогаш успешно ги решававме. Вистина е дека пропуштивме некои можности за подобар успех, но во секој случај имавме успешна сезона. Освен тоа, никој во овој клуб не ми рекол дека мора да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Ме замолија да се обидеме да го направиме тоа, и ете ние влегуваме во финалниот круг за тоа со добри шанси“ – вели Гатузо.

Се вчитува...