Гатузо обвинет за перење пари во Италија

Фудбалската легенда на Милан, а сега и тренер на „росонерите“, Џенаро Гатузо, се наоѓа под истрага на италијанските власти поради наводно перење пари. 40-годишниот Италијанец е осомничен за нелегални работи во фарма за одгледување свињи, а во која имал сопственички удел, објави „Ла Република“.

Компанијата „Тре Олми“ банкротирала во 2014 година и била наменета за перење на пари. Гатузо во оваа компанија имал акции од 2011 до 2013 година. Поднесена е пријава против 45 лица за нелегални активности, а осум од нив веќе се притворени.

Се вчитува...