Гатузо: Овој тим нема душа…

Џенаро Гатузо требаше да го разбуди Наполи од големата криза, но екс-тренерот на Милан уште повеќе ја закопа екипата во која настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. „Наполитанците“ ги загубија последните четири домашни средби, немаат триумф во Неапол уште од 19 октомври (Верона, 2-0), а во следното коло ги очекува пресметка со шампионот Јувентус.

Сепак, Гатузо не делува како тренер што има лек за оваа непријатна ситуација во која се наоѓа клубот од Неапол.

„Прво мораме да се извиниме на сите навивачи, на целиот град бидејќи настапот против Фиорентина беше срамен. На претходните средби барем имавме игра, со Фиорентина бевме далеку од она што сакаме да бидеме. Не треба да се бара алиби, реалноста е дека овој тим нема душта. Нема организација, единство, што е чудно бидејќи се работи квалитетно на тренинг, но кога ќе дојде натпревар не се игра онака како што се знае“, изјави Гатузо.

Во меѓувреме, претседателот Аурелио де Лаурентис станува свесен дека направи огромни грешка именувајќи го овој тренер како наследник на Карло Анчелоти. Првиот човек на „наполитанците“ сега сериозно размислува за нова тренерска смена. Последна шанса за Гатузо најверојатно ќе биде дербито со Јувентус, на кое пораз ќе значи и автоматски отказ.

Се вчитува...